Поднесени 309 барања за субвенции за предадена оризова арпа

Кочани, 12 август 2016 (МИА) - Оризопроизводителите од кочанскиот производен регион поднесуваат барања до подрачната единица на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство во Кочани  за добивање субвенција по основ на предадена оризова арпа во текот на месец јули од реколтата во 2015 година.

Од  подрчаната единица на Министерството  во Кочани истакнуваат дека до 11 август  се поднесени 309 апликации за добивање дополнителни субвенции за предадена оризова арпа кај откупувачите.

Оттаму истакнуваат дека голем број земјоделци  се инетересирале за поднесување апликации, при што од понеделник се очекува  поголема динамика во поднесувањето на барања за дополнителни субвенци, кога се очекува и Подрачната единица на Министерството во Кочани да работи и со продолжено работно вереме доколку има потреба од тоа.

Со  новата мерка земјоделците кои имаат пријавено земјиште до 2 хектари на кое одгледуваат оризова арпа ќе добијат 5 денари дополнителна субвенција за предаден килограм кај откупувачите. Земјоделците со земјиште од 2 до 10 хектари имаат право на субвенција од 4 денари за килограм, а производителите со пријавено земјиште над 10 хектари на кое одгледуваат ориз ќе добијат по три денари за килограм.

Одлуката арпата да биде предадена од 1 до 31 јули е со цел да се продадат количините останати од минатогодишната реколта. Оризопроизводителите по предавањето на залихите, со целата документација до крајот на август треба да се пријават во подрачната единица на Министерството за земјоделство и да аплицираат за добивање на дополнителни субвенции за откупена оризова арпа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...