Просечната плата во јули 22.334 денари

Скопје, 21 септември 2016 (МИА) - Во јули годинава просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува 22.334 денари и е за 2,2 отсто повисока во споредба со истиот месец лани, а 1,6 отсто од вработените воопшто не примиле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Градежништво за 9 отсто, Административни и помошни услужни дејности 6,7 и Информации и комуникации за 6,2 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли од 3,6 отсто, Преработувачка индустрија 3,4 и Административни и помошни услужни дејности 1,8 отсто.

Просечната, пак, месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули годинава е повисока за 2,2 отсто во споредба со јули 2015 година.

Зголемувањето е резултат на повисоката просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите Градежништво за 9,1 отсто, Административни и помошни услужни дејности 6,4 и Земјоделство, шумарство и рибарство 6,2 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 3,4 отсто, Преработувачка индустрија 3,3 и Административни и помошни услужни дејности 2 отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...