Груевски: Пензиите во ноември повисоки за 5 проценти

Скопје, 29 септември 2016 (МИА) - Ноемвриската пензија, која ќе биде исплатена на почетокот на декември годинава за околу 300 илјади пензионери ќе биде покачена за 5 проценти или за околу 670 денари месечно по пензионер, без разлика на политичката криза која влијаеше на економијата во земјава, но беше ублажена од преземените чекори на Владата. Досега просечната пензија беше зголемена за околу 70, а минималната за околу 90 проценти, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Политичката криза, рече тој, влијаеше негативно врз економијата,  но сепак Владата во изминатите две години преземаше многу чекори за да се пресретнат негативните ефекти од политичката криза и колку што е можно повеќе да се ублажат, намалат или минимизираат. 

- Тоа даде успеси, веројатно ако немаше такви чекори економијата и состојбата ќе беа многу лоши и многу работи ќе се случеа поинаку отколку што се случија. Што се однесува до пензиите, и покрај сите проблеми што ги создаде политичката криза, се предвидува сега ноемвриската пензија што ќе биде исплатена на почетокот на декември да биде зголемена за 5 отсто, онака како што претходно беше ветено и онака како што беше изгласано со Буџетот минатата година, така што тоа ќе биде едно ново зголемување на пензиите, остварено едно од нашите ветувања, истакна Груевски.

Додаде дека досега за 70 отсто е зголемувањето на просечната пензија во Македонија и околу 90 проценти на минималната.

- Сега на сето ова ќе има ново петпроцентно зголемување што ќе биде околу 670 денари по пензионер. Вкупно околу 300.000 пензионери ќе добијат по околу 670 денари плус или околу 8.000 денари на годишно ниво со ова петпроцентно зголемување на пензиите, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на новите дела од едицијата „Македонски искушенија“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...