НБРМ од јули откупила девизи од банките во износ од 105 милиони евра

 Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ оцени дека монетарната поставеност е соодветна и одлучи денешната аукција на благајнички записи да се спроведе под непроменети услови, односно да се понудат записи во износ од 22.000 милиони денари со каматна стапка од 4 проценти.

Во соопштението од НБРМ, Комитетот ги разгледал најновите остварувања во домашната економија во контекст на новите макроекономски проекции при што повторно е истакнат ставот дека економските фундаменти се здрави, без присуство на нерамнотежи во економијата.

По растот на економијата од околу 2 отсто во првата половина на годината, сите досегашни расположливи макроекономски показатели упатуваат на натамошен економски раст во третиот квартал со слично темпо.

Во однос на инфлацијата, по неколкумесечното намалување на потрошувачките цени, просечната годишна стапка во септември и октомври е умерено позитивна и изнесува 0,2 отсто, во просек, предизвикана од растот на базичната инфлација. Кај показателите од надворешниот сектор, расположливите податоци покажуваат умерен дефицит во тековната сметка од околу 1 отсто од БДП во првите осум месеци од годината, финансиран и преку должнички текови, но и преку приливи во форма на директни инвестиции. Во однос на адекватноста на девизните резерви, сите показатели и натаму се движат во сигурната зона.

На девизниот пазар, како што е наведено, во октомври продолжуваат позитивните движења што го карактеризираа овој пазарен сегмент во текот на летниот период. - Во текот на месецот, фирмите имаа зголемена понуда на девизи,  при истовремен пад на побарувачката. Подобри остварувања се забележуваат и на девизниот пазар на банките со физичките лица, во услови на стабилизирање на побарувачката и натамошен раст на понудата на девизи. Согласно со податоците од октомври, банките повторно остваруваат нето-откуп на девизи од физички лица, со што се надмина краткорочниот ефект од извршените продажби на девизи на физичките лица во периодот април ‒ мај 2016 година. Подобрите движења на девизниот пазар во октомври овозможија одржување висока девизна ликвидност на банките и насочување на вишоците на девизи кон Народната банка, којашто повторно интервенира со откуп на девизи од банките поддржувачи во вкупен месечен износ од 17 милиони евра. Со тоа, имајќи предвид дека овој тренд продолжува и во ноември, вкупниот откуп на девизи од јули наваму достигна 105 милиони евра и со него се надоместија над 80 отсто од продажбите во периодот април ‒ мај. Интервенциите на девизниот пазар придонесоа за натамошно подобрување  на денарската ликвидност на банките, коишто ги зголемија пласманите во краткорочни монетарни инструменти, се наведува во соопштението.

На седницата беше заклучено дека на девизниот пазар продолжуваат позитивните движења, при што во октомври, петти месец по ред, НБРМ го откупува вишокот девизи од банките и со тоа ги надополнува девизните резерви. Првичните октомвриски податоци покажуваат натамошно стабилизирање на очекувањата на економските субјекти, што е видливо преку растот на штедењето на населението во банкарскиот систем, при што се забележува и прираст на штедењето во домашна валута.

Според првичните монетарни податоци, вкупните депозити во банкарскиот систем во октомври бележат солиден месечен прираст, а годишниот раст изнесува 4 отсто, што укажува на натамошно закрепнување на депозитната база. Придонес кон позитивните придвижувања кај депозитите имаат и населението и корпоративниот сектор. На кредитниот пазар, по растот во септември, во октомври се забележува благо месечно намалување на кредитната активност. Анализирано од секторски аспект, кредитирањето на населението и натаму расте, додека кредитните текови кон корпоративниот сектор забележаа пад. Од почетокот на годината досега кредитните текови бележат раст, којшто е солиден и во согласност со очекувањата.

На седницата е оценето дека неизвесноста поврзана со домашните политички случувања и глобалното окружување сѐ уште постои. Ваквите состојби, наведуваат од НБРМ, наметнуваат потреба од постојано следење на остварувањата и редовно преоценување на ризиците и нивното значење во контекст на остварувањето на целите на монетарната политика.

НБРМ, посочуваат, и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи соодветни промени во монетарната политика за успешно остварување на монетарните цели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...