„Алкалоид“ отвори три нови погони - инвестиција вредна над 2,5 милиони евра

Компанијата „Алкалоид АД Скопје“ во присуство на претставници на менаџментот официјално пушти во употреба три инвестициски проекта: Погон за производство на полу-цврсти фармацевтски форми (масти, креми, гелови и вагитории); Централна Вагална 2 и Одделение за пакување на цврсти фармацевтски форми.

Новите производни одделенија, соопштија од компанијата, се простираат на површина од 1000 м2 а вредноста на оваа нова инвестиција на „Алкалоид АД Скопје“ изнесува над 2,5 милиони евра. При изведбата на сите овие проекти, имплементирани се најсовремените стандарди за добра производна Пракса (GMP).

- Присуството на компанијата на пазарите во над 30 земји во светот и постојаното тежнеење кон отворање нови пазари и нови перспективи, налага внимателно следење на трендовите од областа на здравството и фармацијата и нивно имплементирање во секојдневното работење. За таа цел, инвестициите во нови капацитети, технологија, знаење и кадар ќе продолжат да бидат императив во нашите секојдневни операции, изјави  генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид АД Скопје“, Живко Мукаетов по повод официјалното пуштање во употреба на новите инвестициски проекти.



Посочи дека хуманата програмско производна определба насочена првенствено кон крајните корисници е начелото според кое се водат и ќе продолжат да се водат во секојдневните операции, при тоа строго внимавајќи на кредибилитетот и професионалниот пристап кои ги практикуваат и спроведуваат во севкупното нивно работење. 

Од компанијата информираат дека погонот за производство на полу-цврсти фармацевтски форми (масти, креми, гелови и вагитории) зафаќа површина од 460м2 чисти простори во кои се одвива комплетниот процес на вагање на суровините, подготовка на полу-производи како и дозирање и пакување на готови производи.

Вкупната вредност на овој зафат изнесува околу 1,4 милиони евра, а вредноста на инсталираните хомогенизатори со кои се обезбедува подготовка на сите типови на полу-цврсти фармацевтски форми изнесува близу 400,000 евра. Од компанијата наведуваат дека со оглед на специфичноста на процесите во овој производен сегмент, одделот за инвестиции на компанијата особено водел грижа за подигнување на нивото на безбедност на вработените и обезбедување на висок квалитет на производите во процесот.

Централна Вагална 2 е инвестиција која се простира на површина од 240 м2 и за која компанијата алоцирала 600.000 евра за опрема и капацитети. Опремата се состои од систем за вагање кој служи за контролирање, мониторирање и менаџирање на процесот на мерење на активните и помошните супстанци кои влегуваат во составот на цврстите фармацевтски форми. Како влезна точка на производниот процес, истата е интегрирана со САП/ЕРП системот на Алкалод АД Скопје.

Одделението за пакување на цврсти форми зафаќа површина од 300 m2 на кои се инсталирани две производни линии и тоа: линија за блистер пакување и линија за стрип пакување на цврсти фармацевтски форми. Вредноста на овој проект изнесува 500,000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Што е разликата помеѓу Градскиот трговски центар и Светскиот трговски центар во Њујорк.
- Нашиот има 3 ката повеќе.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Нормализиран сообраќајот за тешки товарни возила на планинскиот премин Маврово од 07:50 часот. Oд 06:00 часот сообраќајот за ТМВ на патниот правец ,Кичево - Гостивар“ кај...
Верски календар
На денешен ден
1574.- Изби верската војна меѓу француските...
1685.- Во Хале е роден Георг Фридрих Хендл,...
1792.- Умре англискиот сликар Џошуа Рејнолдс,...
1821.- Умре англискиот писател Џон Китс, еден од...