Паника на Волстрит, реакција и од Белата куќа

Паника завладеа синоќа на Волстрит, каде главниот индекс на Њујоршката берза драстично се намали по повеќемесечна берзанска еуфорија, за која претседталот на САД Доналд Трам редовно упатуваше пофалби.

Дау Џонс Индастријал Афериџ нагло падна во вториот дел од денот и во помалку од еден час премина прагови од 500, 1.000 и 1.500 загубени бодови. Тоа е најголем дневен пад од светската финансиска криза во 2008 година. Сега е на најниско ниво, со пад поголем од 10 отсто во однос на последниот рекорд регистриран на 26 јануари. По подоцнежното опоравување, пред крајот на денот Дау Џонс падна за околу 4,60 отсто.

Технолошкиот индекс Насдак загуби 3,78 отсто, додека S&P 500 во кој се 500 најголеми компании на берзите во САД, 4,10 отсто.
Таа корекција се случува во момент кога Џером Пауел ја презема должносат гувернер на американската Централна банка, каде досега беше шеф Џенет Јелен, единствена жена на таа функција. Белата куќа синоќа објави дека „секогаш е загрижена кога вредноста на берзите паѓа“. Портпарол подоцна рече дека се работи за „краткорична флуктуација на пазарите“ и доддаде дека американската економија и понатаму е „многу силна“ и „оди во добра насока“. Стапката на невработеност во САД моментно е на најниско ниво во изминатите 17 години.

Си-Ен-Ен нагласува дека „со години на Волстрит немало толку страшен ден“ и оти акциите биле во „слободен“ пад.
Остриот пад на индексите е последица на стравувањата на инвеститорите од раст на инфлација и камати. И минатата недела, цените на акциите паднаа откако беа објавени податоци за голем раст на вработеноста и платите во САД. Тоа би можело да ја поттикне потрошувачката, а со тоа и инфлацијата, што може да ја наведе американската Централна банка да го забрза темпото на зголемувањето на клучните каматни стапки.

- Американскиот претседател Доналд Трамп се занимава со „основите“ на долгорочната економија, која и натаму е „исклучително силна“, соопшти Белата куќа по паниката поради падот на индексот на Волстрит.

- Претседателот се фокусира на нашите долгорочни економски основи, кои се исклучително силни, со јакнење на економскиот раст, историски ниската стапка на невработеност и раст на заработувачката на американските работници, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...