Дигиталната трансформација е двигател на економскиот раст на земјите од Западен Балкан

„Дигиталната трансформација треба да биде двигател на економскиот раст на земјите од Западен Балкан. Дигитализацијата и паметните технологии ќе овозможат регионална интеграција, нови перспективи и интензивна соработка на граѓаните од регионот. А земјите од Западен Балкан ќе бидат успешни само доколку имаат заеднички пристап за својата иднина и просперитет", е заедничка констатација на учесниците на дводневната регионална економска конференција „Западниот Балкан во 2030 година“, којашто се одржа од 26 до 27 септември во Белград.



Учесниците меѓу другото дискутираа и за поврзаноста на дигитализацијата со побрзиот економски развој и намалување на одливот на кадри, како клучни проблеми и предизвици со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан.

На тема „Значењето на дигиталната трансформација како основен предуслов за позитивни промени и развој на земјите од регионот“, интересно излагање имаше и Никола Љушев, Главниот извршен директор на Македонски Телеком, кој на панел пред присутните истакна дека: „Изградбата на модерна телекомуникациска инфраструктура со примена на новите технологии, инвестициите во дигитални вештини и дигиталната писменост се основен предуслов за развој на земјите од регионот“.

Потенцираше и дека Западниот Балкан може да биде успешен единствено доколку применува регионален пристап и соработка, заради потребата од поголем пазар и високото ниво на потребни инвестиции.

 „Цврсто сум уверен дека дигитализацијата ќе донесе бенефит за сите општества подеднакво. Дојче Телеком Групацијата како еден од клучните инвеститори во Западен Балкан, како и Македонски Телеком како дел од таа Групацијата, се цврсти, иновативни и сигурни партнери во процесот на дигиталната трансформација на овој регион. Дигитализацијата ќе овозможи е-образование, е-здравство, односно нови современи технолошки решенија со кои ќе им се подобри и олесни животот на граѓаните“.

Една од финалните пораки на сите учесници на конференцијата „Западниот Балкан во 2030 година“ беше дека сите земји од регионот треба да соработуваат и да придонесат кон создавање услови за работа и живот, со цел да се задржат младите да останат во своите држави. Во таа насока, беше истакнато дека треба да се инвестира во соодветно образование во развивање нови вештини кај младите како услов за развој на нови бизниси кои ќе придонесат за раст на економиите во регионот.

Дигиталната трансформација овозможува поврзаните економски сектори да добиваат подобри бизнис процеси, оптимизирани и ефикасни, а со тоа значително ќе се повлијае на зголемување на бруто домашниот производ во земјите. Отаму, дигиталната трансформација останува еден од главните фокуси на земјите од Западен Балкан на патот за приближување кон ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...