Обвинение против поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје и седум полициски службеници

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе Обвинителен предлог против осум лица вработени во КПУ Затвор Скопје.

- Врз основа на прибраните докази првообвинетиот како директор на установата и двајца полициски службеници како соизвршители сториле продолжено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од нив еден полициски службеник сторил и кривично дело „Несовесно работење во службата“, за кое дело се обвинети и останатите петмина полициски службеници, соопшти денеска Обвинителството.

Осомничените, како што се наведува во соопштението, во период од март до јули 2024, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија, при вршење на нивните овластувања, при што на петмина осуденици им овозможиле погодности што согласно судските одлуки не им следувале.

-Тие дозволиле осудените да бидат спроведени до нивните домови и до други локации за приватни потреби спротивно на постапката за спроведување на лица лишени од слобода вон установа, велат од Обвинителството.

Оттаму посочуваат дека постапката била отворена во февруари годинава против десет лица од кои за две лица е донесено Решение за отфрлање поради немање на докази.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...