Германското Министерство за надворешни работи ја обвини Кина дека насочила ласер кон германски авион кој учествувал во операција на Европска Унија – АСПИДЕС во Црвено Море.
- Изложувањето на германскиот персонал на ризик и нарушувањето на операцијата е целосно неприфатливо, објави германското МНР на Икс.
Исто така наведе и дека е повикан на разговор амбасадорот на Кина.
Мисијата АСПИДЕС придонесува за заштита на слободата на бродскиот сообраќај и и поморската безбедност, особено во Црвено Море, Индиски Океан и Персиски Залив, во рамките на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ.