Германската полиција започна национална операција против говорот на омраза на интернет

Германската полиција започна национална операција насочена кон осомничени сторители на говор на омраза и поттикнување на интернет, објави ДПА.



Планирани се над 170 операции, координирани од Федералната криминална полиција. Истражителите ќе се фокусираат на изјавите на крајната десница дадени на интернет. Многу од случаите вклучуваат и навреди кон политичари и функционери, а помалку случаи вклучуваат екстремистички религиозни и крајно десничарски публикации.

Херберт Ројл, министер за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, рече дека е важно да се разоткријат сторителите на вакви кривични дела.

-Не треба да им се дозволува на дигиталните потпалувачи да се кријат зад своите телефони или компјутери, изјави Ројл за ДПА.

Четиринаесет од приближно 130 истраги низ целата земја што се дел од денешната национална операција против употребата на говор на омраза на интернет се во покраината Северна Рајна-Вестфалија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Две јагниња водат филозовски муабет.
-Верувашти во живот после Ѓурѓовден?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1824.- Роден е Вилијам Томсон Келвин, англиски...
1892.- Родена е Перл Бак, американска писателка....
1945.- Во Сан Франциско, во САД, претставници на...
1992.- Во Скопје е формирана Македонската...