Мецола: Не смее да му се дозволи на Иран да развие нуклеарни капацитети

Ситуацијата на Блискиот Исток е критична и има многу барања за деескалација на тензиите, но сосема е јасен фактот дека на Иран не смее да му се дозволи да развие нуклеарни капацитети, изјави претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола при пристигнувањето на денешниот Самит на ЕУ во Брисел.



- Мораме да бидеме сигурни дека прекинот на огнот се почитува, но исто така мораме да работиме и на прекин на огнот во Газа, за да се овозможи влез на хуманитарна помош за сите оние на кои таа им е очајно потребна, како и за ослободување на сите заложници, рече Мецола.

Таа ги поздрави резултатите од вчерашниот Самит на НАТО во Брисел на кои беше договорено зголемување на трошоците за одбраната, но нагласи дека сега и ЕУ ќе мора да ја заврши својата „домашна задача“ во тој дел.

Мецола најави дека следната недела ќе започне т.н. тријалог за усогласување на регулативата на ЕУ за набавки во одбраната, изразувајќи надеж дека договор за нејзината содржина ќе биде постигнат до крајот на годината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Две јагниња водат филозовски муабет.
-Верувашти во живот после Ѓурѓовден?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1824.- Роден е Вилијам Томсон Келвин, англиски...
1892.- Родена е Перл Бак, американска писателка....
1945.- Во Сан Франциско, во САД, претставници на...
1992.- Во Скопје е формирана Македонската...