Ангелов: Пожарот кај Блаце најверојатно подметнат, нема изгорени куќи во реонот на Чучер

Постојат индиции пожарот кој во неделата околу попладне избувна на магистралниот пат од Скопје кон граничниот премин Блаце да е подметнат, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.



Тој посочува дека изутрината пожарникарите на местото каде што настанал пожарот пронашле дрвени палети за кои треба да се утврди дали биле прелиени со бензин и фрлени во смреки.

Додаде дека на местото на избувнувањето на пожарот бил присутен 15, 20 минути по неговото избувнување и можел да види дека линијата на огнот е многу широка како за пожар кој би се појавил од фрлен опушок од цигара.

-Денес утрово додека пожарникарите работеа на неговото доизгаснување, бидејќи овој пожар е под целосна контрола во овој момент, најдоа на неколку места дрвени палети , претходно најверојатно намачкани или прелиени со бензин и фрлени во смреки. Некој намерно утрово се обидуваше да го реактивира овој пожар којшто сеуште е под контрола, вели Ангелов.

Тој упати апел до граѓаните доколку забележат сомнително однесување, особено луѓе коишто носат со нив дрвени палети во возило или во рака, истото веднаш да го пријават на бројот 112.

-Воедно не е точна веста дека во текот на вчерашниот ден некој манастир или црква биле во непосредна опасност од пожарот. Исто така не е точна веста дека изгореле три куќи од село Чучер, нагласува Ангелов.

Додава дека во текот на вчерашниот ден не дозволиле да изгори ниту една куќа, благодарение на храбрата реакција на скопските пожарникари, пилотите на Полицијата на Армијата, но и на локалното население.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...