Иновативно решение од Македонија меѓу 50-те најдобри старт-ап бизниси на Форум во Истанбул

Македонскиот иновативен бизнис PowerAD од Струмица е селектиран во групата на 50 напредни конкурентни старт-ап бизниси од целиот свет на форумот на најголеми приватни инвеститори избран од Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.



Со тоа, како што информираат од Сојузот на стопански комори на Македонија, на Форумот ќе добијат ексклузивна директна можност за финансирање на сопствената бизнис идеја од многубројните инвеститори присутни на годинашниот форум, кои потекнуваат од европските и светски мрежи на бизнис ангели.

-Целосно сме убедени дека овој успех ќе охрабри и многубројни останати македонски носители на иновативни и конкурентни идеи да ги развиваат своите развојни проекти според моделите на WBAF кои поттикнуваат одржлив организациски развој, изјави Сенаторот на WBAF за Македонија Леонид Наков.

Ксенија Вангелова, директор на BIC-SR – Регионален бизнис центар за иновации истакна дека голем успех е што стартап-от PowerAD од Струмица се најде меѓу првите 50 иноватори на Светскиот форум во огромна конкуренција и додаде дека ова е само почетокот на презентирање на македонските иновативни идеи како потенцијал за вложување од инвеститори и можност за раст на македонските претприемачки проекти.

Форумот се одржува во Истанбул, а македонската делегација ја предводи министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ.

На форумот учествуваат над 1. 000 учесници од регионот и светот, од меѓународни финансиски и државни институции.

-Владата и сите други државни институции на Република Северна Македонија, вложуваат големи напори за унапредување на бизнис климата во државата. Нашата држава е отворена за сите странски и домашни инвеститори, меѓу кои и за бизнис ангелите и други еквити инвестиции. Полноправното членство во НАТО кое наскоро се очекува и почеток на преговори со Европската унија се додаден фактор за унапредување на бизнис климата, истакна Шапуриќ на отворањето на Конференцијата.

Министерот Шапуриќ, како што информираат од неговиот кабинет, ќе има излагање на сесијата посветена на стимулирање на отворање нови компании и отворање нови работни места, особено за младите.

За време на отворањето на конференцијата Шапуриќ оствари неколку билатерални средби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зошто плавуша седи на радијатор?
- Го влажни воздухот!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ информира дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е...
Верски календар
На денешен ден
1827.- Во Виена умре Лудвиг ван Бетовен,...
1859.- Роден е англискиот писател Алфред Едвард...
1868.- Роден е Ахмет Фауд Паша, кој како Фауд...
1874.- Роден е американскиот писател Роберт Ли...