Ангеловска: Затворање на работни места се очекува, но се презема се за тој ефект да биде минимизиран

Многу е важно кога гледаме податоци, тие да бидат потполни. Многу мала е разликата да се соопштува податок за одјави по основа на М1 и М2 од Агенција за вработување, без да се спореди со пријавите и со истиот период од минатата година.



Вака денеска министерката за финансии Нина Ангеловска одговори на новинарското прашање дали е точно дека во март годинава отказни решенија добиле 20.000 граѓани, наспроти 1.900 лица како што покажуваат податоците на Агенцијата за вработување.

Ангеловска напомена дека актуелната ситуација сериозно, но и реално се согледува. Затворање на одредени работни места се очекува, но и се презема се за тој ефект да биде минимизиран.

-Најновите податоци во овој момент ги немам, но Агенцијата за вработување ги има и може да ги сподели. Важно е дека ако сме одјавиле 20.000 лица, а биле пријавени 16.000, се работи за нето ефект кој треба да биде погледнат од пријавени и одјавени лица. Ако истиот тој период и истите бројки се споредат со лани, трендот е дека се бележи одредено намалување на бројот пријавени наспроти одјавени. Мораме на оваа сериозна ситуација да и пристапиме со доза на реалност. Дали е нормално да очекуваме дека ќе има и одредени затворања на работи места – да, дали преземаме се за тој ефект да биде минимизиран за што помалку луѓе бидат одјавени и за што повеќе луѓе да го задржат своето рабтно место – апсолутно да. И тоа се прави системски, со сетови на мерки за да биде побрза фазата на реално опоравување, нагласи министерката.

Според неа, многу е потешко компанија со 20 или 50 вработени, а камоли со над 100 вработени, која инвестирала во луѓето, да ги отпушти, за потоа повторно да бара кадар

-Затоа се важни сите мерки што ги преземаме и дека се во насока на заштита на работните места, но и дека сме реални, дека знаеме дека ќе има такви кои ќе го загубат работното место. Но, и за нив има решение – прво да бидат згрижени, да им биде обезбеден надоместокот за невработеност, а пота и брзо да се вратат на работното место кога ќе почне фазата на опоравување, рече Ангеловска.

За транспарентноста на оваа Влада, дополни, говорат сите активности кои досега беа преземени. – Само откако сум јас дојдена, беа лансирани три алатки за транспарентност, подвлече министерката.

Таа претходно, на прес-конференцијата во Владата, информираше за новата кредитна линија за бескаматни кредити преку Развојната банка. Соопшти дека од среда, 29 април, микро, малите и средните компани од сите дејности, погодени од кризата, ќе може да аплицираат за втората линија бескаматни кредити „КОВИД-2“, вредна осум милиони евра.

Средствата се обезбедени преку компензациските јапонски фондови, а ќе се реализираат преку Развојната банка. е . Ова е дел од вториот сет антикризни мерки за подршка на фирмите и граѓаните.

Како што рече Ангеловска, првата линија бескаматни кредити, „КОВИД-1“, изнесуваше 5,7 милиони евра и беше наменета за најпогодените три сектори: туризам, транспорт и угостителство. Досега по однос на оваа линија се одобрени апликации на 254 компании во износ од 2,2 милиона евра во кои работат околу 3.000 лица.

– Но, интересот за бескаматните кедити е многу поголем, мерката доаѓа во вистинско време, напомена министерката Ангеловска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...