ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори.



Претседателот на ССМ Дарко Димовски во изјава за МИА вели дека со неизгласувањето на законот за недела неработен ден, кој требаше да почне од 1 октомври, 92 проценти од работниците не одмараат во недела, а осум проценти од работниците кои работат во дејности каде не може да прекине работниот процес, не земаат 50 проценти поголема дневница за работа во недела.

– Револтирани сме од односот на пратениците. Законот недела да биде неработен ден, кој требаше да важи од 1 октомври, не е изгласан. Со тоа, 92 проценти од работниците не одмараат во недела, а осум проценти кои работат во дејности каде процесот не може да прекине, не може да земат 50 проценти зголемена дневница. Работниците во моловите кои треба да работат само од 10 до 18 часот, не земаат дневница зголемена за 100 проценти. Исто така, по основ на данок за работа во недела, во Буџетот на РСМ не се влеваат даночни средства во износ од три проценти со кои треба да се изградат нови градинки за нашите деца, посочува Димовски.

Барањето за минималната плата и спиралното зголемување на останатите плати, ССМ го темели на најавите за пораст на цената на струјата од јануари и на зголемените цени на прехранбените производи.

– Поради економската криза предизвикана од пандемијата и најавената енергетска криза каде РКЕ кажува дека од 1 јануари ќе се зголеми цената на струјата за минимум 20 проценти, бараме минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата или 18 илјади денари, а сите останати плати да растат скалесто согласно колективните договори, истакнува Димовски.

Дел од барањата на синдикатот се и враќање на правото за регрес на годишен одмор за сите работници во Општиот колективен договор за јавен сектор и пензионирање по неколку основи – за жени со 35 и за мажи со 40 стаж, без разлика на нивната возраст, потоа пензионерирање по основ на дејности, предвремена пензија со 60 години старост и 15 години стаж кога работникот кој не се чувствува физички способен, да зема минимум 70 проценти од пензијата додека не ги исполни условите за целосна пензија.

Протестот ќе почне во 12:12 часот пред зградата на ССМ по што ќе продолжи пред Собранието и пред зградата на Стопанската комора на Северна Македонија.

Доколку не се исполнат барањата, синдикатот најавува генерален штрајк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...