Бектеши: Цените не се намалени согласно нашите очекувања

Цените не се намалени согласно нашите очекувања со одлуката за замрзнување на маржите и најверојатно во текот на наредната недела ќе се прошири одлуката и ќе се менува согласно начинот на кој се прави трговијата, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.



-На дневна основа ја следиме состојбата и добиваме извештаи од страна на Државен пазарен инспекторат. Кај одредени производи наведени во листата има намалување на цените. Дали се намалени согласно нашето очекување да бидам искрен не, но дополнително ќе се прошири одлуката. Најверојатно тоа ќе биде наредната недела, бидејќи немаше доволно време за да можат да ги усогласат цените. Оваа недела ќе направиме целосна анализа од денот кога се применува одлуката и најверојатно наредната недела ќе се прошири одлуката и ќе се менува согласно начинот како се прави трговијата во нашата држава од денот кога е донесена таа одлука, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Како што нагласи одлуката за замрзнување на маржите важи до 30 септември, а во делот на целосно укинување на дополнителни трошоци, рабат и рекламирање до крајот на годинава.

-До крајот на неделава ќе видиме дали ќе има дополнително намалување од ова намалување сега што е. Ако нема секако дека ќе се смени и одлуката во вторник кога ќе имаме седница на Влада. Ако не се почитува одлуката во делот на маржите стои опцијата дека може да се донесат и мерки за замрзнување на цените. Ако донесеме таква одлука тоа ќе значи дека ќе имаме фиксна цена за секој производ, рече Бектеши.

Посочи дека се уште има простор за намалување на цените во делот на макарони и брашно до крајот на неделата.

-Имајќи во предвид дека сега во јули ќе има нова жетва посебно во делот на пченицата, на сончогледот и сл. согласно сите анализи очекуваме да бидат намалени цените на суровините. Ако согласно постоечките цени ги замрзнеме директно цените тоа ќе значи дека ќе имаме повисоки цени од тие кои ќе бидат после две-три недели заради тоа што ќе има поголема понуда со иста потрошувачка, што значи дека цените би требало да се намалат со новата жетва која доаѓа, посочи Бектеши.

Ако нема, додаде, ќе се смени одлуката.

-Во делот на целосно замрзнување на цените имаме рок уште 2-3 недели да почне жетвата посебно на земјоделските производи тие кои се стратешки, кои може да влијаат во делот на цените на финалните производи. Ако гледаме дека не се почитува одлуката во делот на замрзнување на маржите согласно сите анализи и увозни цени и производствени цени во делот на формирање и одредени трошоци кои се вградуваат во формирање на цената секогаш стои опцијата дека може да се донесе таква одлука, појасни Бектеши.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...