Битиќи: Сите да помогнат за надминување на енергетската криза

Сите да се однесуваме разумно и секој кој има можност да влијае кон тие кои можат да помогнат врз состојбата со енергетската криза, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, при денешната посета на Струмица.



Во одговор на новинарско прашање вицепремиерот рече дека ја разбира загриженоста на стопанството поради високата цена на струјата и истакна дека се обидуваат да најдат дополнителни извори на електрична енергија, со оглед дека дел од стопанството е на либерализираниот пазар.

-Сосема ја разбирам загриженоста на бизнисите, на стопанството. Впрочем не треба да заборавиме дека веќе со преземените мерки дел од стопанството е навистина помогнато, дел од стопанството кое што не влегува во либерализираниот пазар на електрична енергија користат субвенционирана електрична енергија од страна на Владата и тоа не е мал дел затоа што бројот на тие компании е значително поголем. Исто така не треба да заборавиме дека Владата мора да го штити сегментот којшто е најголем, а тоа се домаќинствата и малите потрошувачи, рече Битиќи.

Владата, дополни, подолг временски период ја субвенционира електричната енергија за 80 отсто од реалната цена кои би требало да ја плаќаат граѓаните. За жал, посоочи, останува еден сегмент од стопанството којшто во овој момент останува на либерализираниот пазар. Таму се обидуваме да најдеме дополнителни извори на електрична енергија коишто преку различни начини на поддршка од страна на Владата ќе дојде до крајните корисници, а тоа се стопанството по далеку пониски цени од берзанските цени, рече Битиќи.

Тоа, појасни, зависи од крајот на преговорите што ги вршиме со Република Бугарија, затоа што тие се една од земјите коишто имаат суфицит во производство на електрична енергија и секако со внатрешните капацитети коишто се во приватна сопственост за да ги заокружиме.

-Мислам дека тоа што во овој момент е очигледно е уште еднаш да го повториме дека во ваков период сите разумно треба да почнеме да се однесуваме. Конечно е дојдено времето да заборавиме кој е кој, од која политичка партија доаѓа и какви политички цели има. Во период на кризи пред две години сум го кажал и денеска го кажувам – разумот треба да надвладее. И овде ги поттикнувам сите коишто може да влијаат кон тие коишто можат да помогнат врз состојбата со енергетската криза тоа да го направат без двоумење. Ќе има време за докажување кога ќе ја надминеме енергетската криза, изјави Битиќи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...