„Жикол“ ќе го гради новиот градски плоштад во Струмица

Струмица, 24 март (МИА) – Фирмата „Жикол“ за еден милион евра помалку од планираното со општинскиот буџет ќе го гради новиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица.

На распишаниот тендер се јавија шест градежни претпријатија од Македонија и од странство, но понудата на „Жикол“ беше најповолна со финансиска конструкција од околу три милиони евра.

Изградбата на новиот плоштад со комплетната подземна инфраструктура се очекува да почне веднаш по истекот на рокот за жалби, односно во првите денови од април, а да заврши до 11 декември, денот на заштитниците на градот Струмица „Св. Петнаесет тивериополски свештеномаченици“.

- Изградбата на плоштадот, кој ќе биде еден од најубавите во земјава, ќе биде платен во две годишни рати. Инвестицијата ќе биде поделена наполовина, по 1,5 милиони евра во оваа и наредната буџетска година. При проектирањето на буџетските ставки, за плоштадот планиравме четири милиони евра, по два милиона за 2010 и 2011 година, но најниската понуда на тендерот беше дури за една четвртина поевтина. Покрај основната сума од три милиони евра, планирано е да бидат потрошени уште околу 120.000 евра за надзор, за часовниците на саат-кулата, за набавка и поставување на урбаната опрема и за други позиции, изјави струмичкиот градоначалник Зоран Заев.

Под нивото на плоштадот кој ќе има три влезно-излезни отвори, е проектиран нов паркинг простор за 86 возила, а целосно ќе бидат реконструирани и улиците „Јосиф Јосифовски Свештарот“ (леблибиџиска) и дел од „Благој Мучето“ до зградата на општина Струмица. Плоштадот и целото централно градско подрачје ќе бидат поплочени со најквалитетен гранит.

Со реализацијата на овој проект значително ќе се растовари сообраќајниот метеж во центарот на Струмица, а плоштадот ќе претставува пешачко острово и ќе биде дел од познатото струмичко корзо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...