Нова градинка во населба Колонија, прва по 27 години што се гради во општина Гази Баба

Скопје, 28 септември 2012 (МИА) - Во населбата Колонија општина Гази Баба денеска започна изградба на  нова детска градинка, со површина од 600 метри квадратни со капацитет да згрижи осумдесетина деца. Таа треба да биде завршена за шест месеци. Ова е прва градинка која во општината се гради по 27 години, а воедно и прва во руралните места во општината.

Премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградба на градинката, истакна дека таа е дел од политиките на Владата за поголема грижа за најмалите и младите како иднина на земјата.

- Наша заложба е да помогнеме колку што може повеќе на секое семејство и на сите родители што полесно да ги водат своите деца по патот на образованието и стекнувањето здрави животни навики, истакна премиерот Груевски.

Отворањето нови градинки, рече, е начин на родителите да им направиме да имаат една грижа помалку. Сите политики во оваа сфера, според него, имаат за цел да ги охрабрат младите родители полесно да се одлучуваат да имаат повеќе деца.

- Соочени  со бројките за намалување на наталитетот што ги споменав неодамна, а се случува во последните педесетина години, сакавме да ги преземеме сите мерки и да направиме што е можно повеќе родителите полесно да се одлучуваат да ги прошируваат своите семејства. Рецесијата на наталитетот е многу пострашна од сегашната минлива рецесија во економската сфера, рече премиерот Груевски додавајќи дека во последните педесетина години бројката на новородени деца се намалила од 50 на 22 илјади.

Од тие причини, рече, Владата презема многу мерки за менување на овие состојби. Ние анализиравме дека нема само една причина за оваа, туку оти се повеќе. Но, како што посочи, најзагрижувачки е тоа што свеста на луѓето е така конструирана што потешко се одлучуват за зголемување на семејството и да имаат две, ако не и повеќе деца.

- Кога водевме кампања за трето дете, ние вусшност видовме дека проблемот можеби е и во тоа што многу родители немаат ниту второ, рече Груевски. Потсети на мерките што досега ги има преземено Владата во оваа насока посочувајќи притоа на додатокот за трето, доживотниот надоместок по 62. година доколку мајката не може да оствари пензија.

Министерот за труд и социјална политика истакна дека  по направените анализи за ограниченоста на постојните капацитети на детските градинки, како и од нивната максимална искористеност, Владата се одлучила да преземе повеќе мерки за да се унапреди заштитата на децата.

- Наша крајна цел е секое дете да ги ужива благодетите на заедничка дружба со своите врсници во детските градинки во кои ги внесуваме европските стандарди во поглед на институционалните капацитети, но и во однос на воспитно образовниот процес, рече Ристовски.

Притоа, тој потсети дека досега се реконструирани две градинки во општина Аеродром каде се гради и нова, дека во завршна фаза се две градинки од кои во една во Ѓорче Петров и една во Росоман, како и дека во фаза на градба се градинките во Сарај и Липково.

Министерот Ристовски потсети и на неодамна усвоениот акциски план на Владата со кој се планира отворање на 14 нови градинки во рурални места во 13 општини, каде досега родителите морале да патуваат и по десетина километри за да ги однесат во градинка. 

Градоначалникот на Гази Баба истакна дека во општината ова е прва градинка која што се гради по 27 години. Градинката ќе згрижува деца од населените места Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово, Дрма, Трубарево и Ергеле во кои живеат над десет илјади жители.

- Оваа градинка е прва која што ќе се изгради во рурална средина во општината Гази Баба. Сметаме дека на ваков начин ќе придонесеме да се намали миграцијата односно преселувањето на жителите, особено на младите брачни двојки во други општини или кон центарот на градот Скопје, рече Трајковски.

Средствата за изградба на градинката се во висина од 26 милиони денари од кои 21 се на општината Гази Баба, а пет на Министерството за труд и социјална политика, односно на Владата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...