Пони бургер? Европа се гуши во скандалот со коњско месо

Она што започна како загриженост заради пронајдено коњско месо во хамбургерите во Ирска и Велика Британија, експлодира во скандал низ цела Европа и предизвика прекугранични тензии низ континентот. Скандалот почна како мал, кога на почетокот на годинава во Ирска беше откриен траги од ДНК од коњи во плескавиците кои се продаваат во супермаркетите таму, и низ Велика Британија. Но оттогаш, различни пакувања на говедски производи кои се продаваат во повеќе синџири на супермаркети, се откри дека содржат од 60 до 100 отсто коњско месо. (Во други производи означени дека се говедски, се откри дека има траги од свинско месо).

Иако коњско месо беше откриено во пакувања со смрзнати лазањи, бургери и сос Болоњезе во неколку британски супермаркети, излезе дека проблемот произлегува неколку чекори подолу во производствениот процес. Но точното откривање како и каде коњското месо се нашло во загадените производи, се покажа дека е исклучително тешко.

„Веќе е јасно дека имаме работа со паневропска мрежа за снабдување“, рече британскиот секретар за околина Овен Патерсон, во Горниот дом на 11 февруари. „Недозволиво е луѓето на овој начин да бидат измамени. Тука излегува дека има криминални активности во обидот да се измамат потрошувачите“.

Додека властите се обидуваат да ги следат производите за да откријат точно кога коњското месо влегува во синџирот за набавка на храната - или дали овој додаток е по грешка или криминален дизајн - светна сијаличката колку е слаб и нерегулиран европскиот пазар за месо.

Замрзнатите лазањи, на пример, се од шведскиот бренд Финдус и на пакувањето е јасно наведено дека содржат говедско. Сепак, Финдус има замрзнати лазањи подготвени во компанијата Комигел, која има седиште во Франција, но фабрики во Луксембург. Француските истражители откриле дека Комигел добива месо од друг француски добавувач со име Спангеро, која пак добива месо од кланица во Романија, наводно управувана од трговци од Кипар и Холандија.

Излегува дека синџирот на врски помеѓу трговците и кланиците е толку заплеткан, што го предизвика францускиот министер за потрошувачки добра Беноа Хамон да го опише овој систем како „мафијашки“. Додека Европејците имаат поинаков став во врска со јадењето коњско месо - Британците се типично одбивни кон ваквата идеја, но Французите не се толку згрозени, туку потрошувачите низ регионот се иритирани затоа што се измамени. И со вмешаноста на бројни компании и држави, грешката за загадувањето доведува кон се повеќе покажувања со прст.

Од Финдус за Тајм преку имејл изјавија дека сето ова ги нарушило нивните деловни односи со Комигел во Лукембург, и дека компанијата „презела проактивни чекори уште кога проблемот со коњското месо се појавил во Британија“. Од Финдус исто издадоа соопштение за јавноста во која велат дека во моментов примаат „правен совет“ од каде да започнат со правни дејства против нивниот добавувач. Од своја страна, Комигел не одговори на барањето на Тајм за коментар. А според Асошиетед прес, од Спангеро издале соопштение дека месото било обележаио како говедско кога сигнало од Романија.

Европските лидери исто така се „натегаат“ за да стават контрола врз скандалот. Романскиот премиер Виктор Понта застана во одбрана од обвинувањата за неименувана кланица. „Од сите податоци кои во моментов ги имаме, нема прекршувања на европските правила од компании во Романија или од кого било на нејзината територија“, рече тој на прес-конференција на 11 февруари.

Во меѓувреме, британските снабдувачи со месо беа вовлеченни во скандалот на 13 фебруари, кога Агенција за стандарди за храната (ФСА) затвори кланица во северна Англија и фабрика за преработка на месо во Велс, откако истрагата откри дека се користело коњско месо во хамбургери и кебапи. Не е јасно дали коњското месо било намерно или погрешно обележано, а Ендрју Роудс од ФСА за Би-Би-Си изјави дека „продолжуваат да следат, се додека на крајот не остане ништо неистражено“.

Сето коњско месо било тестирано поради ветеринарскиот лек фенилбутазон, кој вообичаено се нарекува буте, и е забранет во човечкиот синџир за исхрана, иако во моментов нема причини да се верува дека месото претставува ризик по здравјето. Иако постои забрана за увоз на храна од европските земји членки под контрола на ЕУ, Патерсон на 10 фебруари за Би-Би-Си изјави дека „ако откриеме дека постои производ кој е опасен по јавното здравје, јас ќе ги преземам неопходните чекори“.

Тајм



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...