Кипар се спаси

Брисел, 25 март 2013 (МИА) - Министрите за финансии од еврозоната му дадоа зелено светло на новиот спасувачки договор, кој Кипар успеа да го постигне синоќа со лидерите на европските институции и меѓународните кредитори, изјавија извори во Брисел, јави ДПА.

Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис изјави дека е мошне задоволен од спогодбата, постигната на маратонските преговори со Брисел.

- Задоволен сум дека имаме програма и таа е во интерес на кипарскиот народ и на Европската унија во целина, нагласи тој.

Банките во Кипар, со исклучок на Народната банка, која ќе биде ликвидирана ќе бидат наскоро отворени, изјави претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум по средбата со министрите за финансии од еврозоната.

- Засега не треба да го објавиме точниот датум за отворање на банките. Одлуката ќе биде донесена по консултациите со експерти од тројката во текот на денешниот ден, додаде тој.

Дејселблум изјави исто така дека со оглед на тоа дека решението за антикризната програма на Кипар е постигнато, ултиматумот на Европската централна банка е исполнет и таа ќе продолжи да ја обезбедува ликвидноста на кипарските банки.

Во замена за меѓународната помош Кипар ќе треба драстично да го намали преголемиот банкарски сектор, да ги намали буџетските трошоци, да изврши структурни реформи и да ги приватизира државните активи.

Претседателот на Еврогрупата нагласи дека повеќе од Кипар не се бара да собере 5,8 милијарди евра сопствени средства и оти точната сума на националниот пакет за помош на банкарскиот систем се уште не е пресметана. - Заборавете на таа бројка, ние веќе не ја споменуваме. Усвоивме нов план, кој има зал цел да ги реши проблемите на двете најголеми банки во земјата. Точната сума треба да се пресмета, додаде Дејселблум.

Тој потврди дека износот на меѓународната помош за Кипар останува десет милијарди долари и изрази увереност дека сите национални парламенти на земјите од еврозоната, вклучувајќи ги и Холандија и Германија ќе го одобрат отпуштањето на меѓународната помош во тие услови.

- Народната банка ќе исчезне, а Банката на Кипар ќе биде значително намалена, изјави генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард.  Најголемата банка на Кипар ќе мине низ болно престуктурирање, при што параметрите на процедурата се уште не се определени, но познато е дека ќе останат неприкосновени само депозитите до сто илјади евра.

- Во однос на поголемите кредити властите на Кипар во соработка со меѓународните кредитори ќе ги пресметаат следните неколку недели точните проценти, кој од нив ќе бидат задржани за потребите на престуктуирањето, додаде Лагард.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди татко му на Игорче во школо на родителска и класниот му го дава извештајот со оценките. Го зема таткото извештајот кога што ќе види, кец математика, кец македонски, кец...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1610.- Францускиот крал Анри Четврти, првиот...
1771.- Роден е велшкиот филантроп Роберт Овен,...
1796.- Англискиот лекар Едвард Џенер успешно...
1811.- Република Парагвај доби независност. Беше...