Банките вo Кипaр ќе останат под клуч

Никозија, 26 март 2013 (МИА) - Кипарската централна банка соопшти дека министерот за финансии Михалис Сарис наредил сите банки во земјата да останат затворени до четврток, пренесоа светските агенции.

Централната банка наведе дека одлуката била донесена со цел да се обезбеди „нормалното функционирање на целиот банкарски систем“.

Претходно Централната банка наведе дека сите банки во Кипар, со исклучок на кипарската Народна банка (Лаики) и Банката на Кипар, ќе ги отворат своите врати денес наутро.

Банките во Кипар беа затворени на 16 март за да се спречи бегството на капитал во врска со спогодбата меѓу владата и меѓународните кредитори за наметнување данок врз влоговите како дел од спасувачкиот план за земјата.

Планот беше отфрлен од Кипар на 19 март, а вчера беше постигнат нов договор со ЕУ и ММФ, што предвидува ликвидирање на кипарската Народна банка и преструктурирање на Банката на Кипар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...