Над 2000 пријавени на огласот на Владата за раководни функции

Скопје, 11 јуни 2013 (МИА) - Над две илјади кандидати аплицирале на повикот за пријавување на интерес за ангажирање лица на раководни позиции во државната управа што го објави Владата.

Во изјавата за медиумите дадена по повод заокружување на првата фаза од спроведување на повикот, владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев изјави дека пристигнатите апликации говорат дека огласот наишол на добар интерес и ги остварил целите за транспарентност на Владата.

- Од поднесените документи може да се види дека лицата кои аплицирале во најголем дел ги поседуваат бараните перформанси - стручност на високо ниво и образовно ниво на повисок степен. Сето  тоа дава до знаење дека тие може да извршуваат раководни задачи во државната администрација. На овој начин Владата ја демонстрираше политиката на отворена врата која е позитивно прифатена од граѓаните кои ја препознаа оваа можност која им се нуди, рече Ѓорѓиев.

Тој нагласи дека поединечно по позиции постои повеќекратен интерес за сите објавени раководни места што создава силна конкурентска основа. Најголем интерес имало за позицијата заменик-директор во Агенцијата за привлекување странски инвестиции, како и за директорските места во Државната лотарија, Агенцијата за млади и спорт и Државниот инспекторат. Кандидатите покажале заинтересираност и за енергетските компании, како и за позицијата директор на „Македонски шуми“.

Околу 700 апликации пристигнале за позициите од областа на меѓународната и надворешна политика, односно за 19 огласени амбасадорски места и три конзулски. Притоа водат позициите за амбасадор во Белград со 110 пријавени кандидати, за Подгорица 98, а во просек по 70 лица конкурирале за генерални конзули во Венеција, Њујорк и Детроит.

Голем интерес бил пројавен и за шесте позиции советници на премиерот со просек од  70 кандидати по позиција, односно над 400 лица.

Помал број апликации се пристигнати во областа на позициите во здравството што, според Ѓорѓиев, е разбирливо бидејќи за овие работни места потребни се стручни и потесни квалификации од областа на медицината и менаџмент.

По првата фаза ќе следи формирање на стручни комисии и тимови кои ќе ги разгледаат апликациите, а предвидени се и директни разговори со лицата што ќе бидат ставени во потесен избор. При потесниот избор на кандидатите можно е да бидат вклучени и надворешни експерти, како експерти од странство за да бидат избрани најдобрите кандидати. 

Ѓорѓиев подвлече дека по успешниот одѕив на овој, Владата размислува да објави уште еден оглас во кој ќе бидат вклучени раководни позиции во државни институции кои не биле опфатени во првиот. Се очекува најголем дел од огласените позиции да бидат пополнети во текот на летото, а целосно да се заокружи до крајот на годфината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Отишол Трпе на гинеколог.
- Еве ви ја жената докторе, ако може да и ја проширите малку.
Докторов со задоволство го прифатил тоа, отишол во другата соба и завршил работа.
Ја...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1915.- Во селото Битуше, гостиварско, роден е...
1942.- Во Софија, бугарските фашисти ги стрелаа...
1942.- Почна Сталинградската битка меѓу...
1992.- Во Скопје е формирана Комора на...