Поевтина струја за 5,24 отсто од 1 јули!?

Скопје, 27 јуни 2013 (МИА) - Регулаторната комисија за енергетика на денешната подготвителна седница предложи цената на електричната енергија за тарифните потрошувачи од 1 јули да се намали за 5,24 отсто односно средната цена за киловат час електрична енергија да изенсува 4,483 денари.

Конечната одлука треба да биде донесена до крајот на месецов, а претседателот на Регулаторната комисја за енергетика Димитар Петров не очекува таа многу да се разликува од предложената иако на денешната седница забелешки во однос на цената доставиле сите енергетски компании меѓу нив „МАКСТИЛ“ и „Скопски легури“.

- Комисијата предлага да има 3 отсто зголемување на цената за АД ЕЛЕМ, 3,97 отсто зголемување за МЕПСО и намалување од 4,83 отсто за ЕВН дистрибуција. Најголеми забелешки на предлогот има ЕВН дистрибуција која смeта дека новата цена ќе влијае на нивната ликвидност, рече Петров на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека најголема улога во намалувањето  на цената на струјата имаат корекциските фактори на приходи на енергетските компании, а помалку влијаела намалувањето на цената на струјата на светските берзи. Следната корекција на цената на електричната енергија ќе биде во јуни 2014 година.

Петров одговарајќи на новинарско прашање прецизира дека до септември ќе се знае точниот датум до кога ќе биде одложена втората фаза на либерализацијата на пазарот на електрична енергија.

Во втората фаза која првичино тебаше да се случи на 1 јануари 2013 година, а потоа беше одложена за 1 јули 2013 година требаше да се либерализара пазарот за компаниите кои имаат над 50 вработени и остваруваат вкупни приходи поголеми од 10 милиони евра годишно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...