На „Пиво фест“ околу 400 илјади посетители, се испиле 300 тони пиво

Прилеп, 22 јули 2013 (МИА) - Годинашниот  11 по ред „Пиво фест“ во Прилеп во сите четири фестивалски дена го посетиле околу 400.000 посетители и според пресметките се испиле 300 тони пиво, а се изеле околу 100 тони скара.

Според градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, градот се потврдил како одличен организатор на вакви големи масовни манифестации.

- Докажавме дека Прилеп е кадарен да организира, би рекол, манифестација од Балкански тип со 400.000 посетители и организациски се да протекне во најдобар ред без ниту еден инцидент. Тоа градот го сместува во најфестивалски во Македонија, рече Ристески на денешната прес - конференција.

Пресметките, посочуваат организаторите, покажуваат дека градот и регионот имаат бенефит од околу 4 милиони евра.

- Ако секој посетител од околу 400.000, потрошил барем по 10 евра, бенефитот не само на градот и регионот е околу 4 милиони евра. Дел од тие пари индиректно влегуваат во локалниот буџет од каде општината решава и комунални проблеми, вели Ристески.

Манифестацијата „Пиво фест“ има буџет од 200.000 евра. Од нив една третина се од буџетот на локалната самоуправа, а другите се донаторства од бизнис секторот, пиварниците учесници. 

- Сакаме да изградиме и кампинг простор со кампинг-приколки кои ќе се изнајмуваат на посетители. Тогаш туристичкиот бенефит ќе биде уште поголем. Догодина локалните власти ветуваат дека манифестацијата ќе ја збогатат и може да се очекува и учество не само на балкански, туку и на светски музички имиња, најавија организаторите на „Пиво фест“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...