Димовски:

Проектот Џумајлија мора да се реализира

банкарската гаранција е веќе депонирана

Скопје, 24 јули 2013 (МИА) - Не е предимензиониран проектот на Субрата Рој кој најави 300 милиони евра инвестиција во Џумалија.  Планираните активности се реално изводливи и од македонска страна веќе се преземаат сите неопходни мерки за нивно што поскоро спроведување.

Како што рече денеска ресорниот министер Љупчо Димовски пред матичната Собраниска комисија, станува збор за голема, исклучително сериозна програма чија реализација ќе има многу поволности за вкупното земјоделство.  Трансфер на нови технологии, експертско знаење и вработување 2.000 лица се само некои од очекуваните придобивки.

- Проектот мора да се реализира бидејќи банкарската гаранција е веќе депонирана. Во спротивно потпишаниот договор со закупецот ќе се раскине. Очекуваме тој да ги исполни сите ветувања, набавка на 20 илјади крави, изградба на капацитет за преработка на 80 илјади литри млеко дневно, како и на објект за производство на сточна храна, истакна Димовски.

Тој информира дека во Министерството за земјоделство веќе е формирана работна група која обединува експерти од повеќе сфери битни за инвестицијата на Сахара груп, катастар, животна средина, локална самоуправа... Најпрво ќе треба, објасни министерот, да се изменат урбанистичките планови за да се овозможи изградба на минимум десет фарми и три ветеринарни станици кои се неопходни за добитокот. Паралелно, како што рече,  интензивно се работи и на воведување на земјоделското земјиште во владение.

Сахара груп го доби земјоделското земјиште во Џумајлија на концесија 15 години со можност за продолжување, а закупот што треба да го плаќа годишно е 121.000 евра.

Според опозицијата, ваквите услови наведуваат на заклучокот дека земјиштето му е практично подарено на Субрата Рој.

- Нереални се проекциите на закупецот, а манипулација е и банкарската гаранција, рече претседателката на Комисијата Ленче Николовска по чија иницијатива денеска се разгледуваше Договорот за закуп на земјиштето.  Осврнувајќи се на бизнис планот врз основа на кој е склучен договорот, Николовска го нарече Субрата Рој новиот Моше Баум.

Собраниската Комисија за земјоделство претходно расправаше и по информацијата за состојбата со годинашниот откуп на пченицата која исто така беше поднесена од пратеничката Ленче Николовска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...