Откриени неправилности кај 65 % од деловните објекти

Скопје, 4 октомври 2013 (МИА) -  Шеесет и пет проценти од деловните објекти прикажувале нереални финансиски показатели и со тоа директно го оштетиле буџетот, покажуваат контролите на УЈП спроведени минатиот месец. Над 400 објекти не го прикажувале во целост готовинскиот промет од своето работење и плаќале помалку данок.

УЈП денеска соопшти дека само во последните два дена, затворени се 17 објекти во Скопје, од кои четири се поголеми салони за мебел лоцирани во Центар, Чаир и Бутел. Во еден случај поднесена е и кривична пријава поради неовластено отстранување пломба на објектот.

Со цел реално оданочување, УЈП паралелно со интензивните контроли во делот на фискализација, ја применува и мерката „попис“ посебно кај ризичните дејности, што значи проверка и пребројување на целокупната стока и производи во сите деловни единици на даночниот обврзник.

- Наместо плаќање казни, неовластено симнување на лентите и пломбите на запечатените објекти, обиди за спречување на контролите на Управата (уништување на деловни документи, бегање на обврзниците со прометот, напади и закани на даночниците и сл.), ги повикуваме обврзниците да издаваат фискални сметки, што е поедноставно и поисплатливо од казните, соопштуваат од УЈП.

Укажуваат дека сите даночни обврзници кои не се информирани во врска со своите обврски и начинот на регистрирање на готовинскиот промет, може да се обратат во даночните канцеларии каде се организираат едукативни средби. Од почетокот на годината, УЈП има повикано 500 обврзници (правни и физички лица) на едукативни средби во делот на фискализација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...