Корупцијата како начин на живот на Балканот

Откако во последниот извештај за корупција во светот организацијата Транспаренси интернешнл повеќе земји од регионот на Балканот ги вброи на самото европско дно, угледни експерти и професори од регионот за Агенцијата Анадолија (АА) коментираа зошто балканските општества никако не успеваат да се изборат со социолошкото зло наречено корупција и давање на мито.

Според истражувањето на Транспаренси интернешнл, од земјите на Балканот најлошо се рангирани Албанија која се наоѓа на 116 место и Косово кое е на 111 место од вкупно 177 земји во светот, колку што се опфатени со истражувањето. Следи Србија која оваа година се најде на 72 место по скалата на перцепција на корупцијата, како и Босна и Херцеговина.

Емир Ѓукиќ претседател на Одборот директори на Транспаренси интернешнлво БиХ, во изјавата за АА вели дека БиХ не постигнала никаков напредок во поглед на борбата против корупцијата во однос на минатата година.

- Но, се плашам дека следната година можеме да имаме дури и полоши резултати. Србија не стигна откако покажаа одлучност во борбата против корупцијата последните години. Чистењето на големите тајкунин и моќници во Хрватска е многу забележително, бидејќи најдобро е рангирана од сите земји од регионот. БиХ во 2002 и 2003 година беше една од носителите во борбата против корупцијата, но од тогаш бележиме пад – рече тој.
 
На политичарите во БиХ им одговара корумпирана држава

Ѓукиќ рече дека голем проблем во БиХ претставува фактот дека политичкиот естаблишмент не искажува потребна волја и одлучност во борбата против корупцијата, оценувајќи дека корумпирана држава им одговара на политичарите во земјата.

- Во БиХ нема судски пресуди против високите моќници и борбата против корупцијата се уште е само на декларативно ниво. Очигледно е дека во БиХ недостасува политичка волја и сегашните политички лидери ја држат земјата заробена и не се заинтересирани за некои големи промени во општеството и државата. Борбата против корупцијата мора да почне од политичарите. Против голем број политичари се водат судски процеси – вели Ѓукиќ.
 
Тој смета дека високата корупција во БиХ, но и во другите земји на Балканот произведува висок степен на сиромаштија меѓу луѓето. Објаснува дека поради високата корупција многу луѓе на Балканот немаат доволно пари, работа ниту пак место за живеење за да живеат живот достоен за нормален човек.

- Корупцијата е очигледно проблем број еден во БиХ, но и на Балканот, што директно влијае и на се поголемиот број сиромашни луѓе. Ако граѓаните во 2014 година не гласаат за некои нови политички сили, тешко е да се очекува напредок. Мислам дека сегашните политичари веќе многу пати покажаа дека не сакаат напредок на оваа земја – рече тој.
 
Судовите во соработка со политичките партии

Емир Ѓукиќ потенцира дека судовите во БиХ не сакаат да ги осудуваат високите моќници, бидејќи како што тврди тој, блиску се поврзани со нив и под влијание на владејачките политички партии во земјата. Тие политички партии, според него, имаат големо влијание и контрола на сите значајни општествени, политички, медиумски и економски одлуки во земјата.

- Постои голем притисок на политичките структури на судовите и на агенциите кои треба да се борат против корупцијата. Постои висок степен на автоцензура меѓу обвинителствата, бидејќи не сакаат да ги процесуираат големите тајкуни. Агенциите треба да бидат независни од политиката – смета Ѓукиќ.

Но, во борбата против корупцијата, истакнува тој, многу е значајно и самите граѓани да почнат да се менуваат во смисла да престанат со давање на мито во болниците, полицијата, судовите и училиштата.

- Обичните граѓани можат да придонесат за спречување на корупцијата, ако престанат да плаќаат за услугите во јавниот и приватниот живот. Но, се плашам дека повеќето обични граѓани само го следат текот на своите политички претставници. Добра вест е дека се повеќе граѓани се одлучуваат да не даваат мито за услугите кои и така мора да ги добијат бесплатно – вели тој.

Од земјите во регионот, според последниот извештај на Ти-Ај најдобро е рангирана Хрватска, која се најде на 57 место, како и Црна Гора и Македонија, кои се наоѓаат на заедничкото 67 место.
 
Напредок на Хрватска

Претседателката на Транспаренси интернешнл на Хрватска ТиХ, Даворка Будимир изјави за Агенцијата Анадолија, дека Хрватска остварила многу значаен резултат во последниот извештај кој го мери степенот на корупцијата во земјите во светот.

- Во последниот извештај на Транспаренси интернешнл Хрватска направи исчекор од две позиции и го зазема 57 место. Со оглед на сите афери кои се случија во Хрватска, ова е значаен напредок – рече таа.

Таа истакна и дека остатокот од регионот не направил некој значаен исчекор, потенцирајќи дека корупцијата во Словенија дополнително се зголемила оваа година, што според неа, јасно покажува дека се работи за регион каде корупцијата стана начин на живеење и комуникација меѓу луѓето.

- Србија и Црна Гора имаат напредок, додека останатите земји од регионот се речиси на истите позиции како и лани. Словенија падна за четири места и сега се наоѓа на 43 место, што е помалку изненадувачки – вели Будимир.

Целата држава, но и општеството мора да се борат против корупцијата. Будимир потенцира дека треба цела држава, но и граѓаните да се вклучат во процес и активност за спречување на корупцијата, како еден начин во борбата против ова социолошко зло.

- Треба да се почне од почеток! Не можеме секогаш вината да ја фрламе на политичарите и на владата, иако тие во голема мера се виновници. Во врска со спречувањето на корупцијата многу е значајно да се почне со менување на однесувањето кај обичните граѓани, кои конечно мора да станат одговорни членови на ова општество и држава. Ако сакаме општество без корупција, тогаш сите мораме да се вклучиме во борба против неа – истакна таа.

На европско ниво, земји со највисок степен на корупција се Украина на 144 место, а следат Белорусија, Албанија, Косово, Молдавија, Ерменија, Грција, Бугарија, Србија и БиХ.
 
Корупцијата на Балканот како начин на живеење

Експертите исто така веруваат дека корупцијата и давањето на мито на Балканот станаа начин на живеење каде сите важни прашања во јавниот, но и во приватниот живот се решаваа со подмитување, давање на сирење и млеко, но и давање на подароци и пари.

Жителите на балканските земји се соочуваат со корупција во училиштата, универзитетите, каде плаќаат за испити и стекнување на диплома, во полицијата и судството за да избегнат казни, во министерствата за полесно да се вработат, па до тоа да плаќаат и за поповолно место каде ќе бидат погребани. Мито често се дава и за разни лекарски услуги, од пороѓај на жена, до брзо доаѓање до термин за разни испитувања.

Професорот Јусуф Жига од Отсек за социологија при Факултетот за политички науки на Универзитетот во Сараево за АА изјави дека во повеќе балкански земји не постојат механизми за воведување на одговорно однесување во општеството и државата.

- Балканските општества влегоа неподготвени во демократската транзиција и затоа ниту едно општество на овие простори не успева да се стабилизира. Не постојат механизми за одговорно однесување, стариот систем е уништен, додека новиот систем не е демократски. Исто така, земјите од Балканот беа изложени на војни и не стигнавме со уредувањето и организирањето на државите и општествата – рече професорот.

Тој потенцира дека голем проблем е фактот дека никој во државата и општеството нема да биде санкциониран за своето неработење, грешките и неодговорноста и оценува дека во БиХ се помалку луѓе не сакаат да ја знаат разликата меѓу чесноста и нечесноста, меѓу вистинските и лажните вредности.

- Создаден е амбиент да се помине без санкции и казни и системот на вредности е уништен, кој би можел да ве мотивира да бидете одговорен човек. БиХ се наоѓа во една длабока криза која ги зафати сите пори на општеството. Тоа е како случај со тежок пациент кој боледува од разни болести и тешко е да се лечи само една болест. Затоа мислам дека поправањето и лечењето на нашето општество ќе трае долго време – вели проф. Жига.

Тој истакна дека се почнува од обичниот човек, додавајќи дека луѓето и сами мора да се менуваат ако сакаат подобро, понапредно и постабилно општество и држава.

- Нашиот човек и самиот мора да се менува. Треба да се подобри работата на судството, полицијата и образованието. Треба да се направи инфраструктура на државата за да се заштитат правата на луѓето и граѓаните да станат одговорни за своите постапки. Затоа во заздравувањето на државата мора да учествуваат сите нејзини сегменти. Првиот чекор почнува во главите на луѓето поединечно и начинот на кој се однесуваме кон луѓето, општеството и државата – оцени Жига.

Бука - Сараево



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...