Почнува изградбата на автопатот Скопје - Штип

Скопје, 21 февруари 2014 (МИА) - Градежни активности за изградба на нов автопат  Миладиновци - Штип ќе  почнат денеска со поставување камен-темелник на местото „Три чешми“, Штипско.  Автопатот ќе биде долг 47 километри, а широк 29 метри, со по две коловозни ленти од двете страни и една дополнителна лента за застанување.

Инвестицијата изнесува 206 милиони евра, што државата ги обезбеди со кредит преку кинеската Ексим банка, со рок на отплата од 20 години, пет години грејс период и каматна стапка од 2 процентни поени.

Новата автопатска делница ќе ја гради кинеската компанија „Синохидро Корпоратион Лимитед“, со која Владата потпиша договор во декември лани. Кинеската компанија, која треба да го гради и  автопатот Кичево-Охрид, во должина од 56 километри, е обврзана да ангажира македонски подизведувачи за најмалку 49 проценти од предвидените работи и да набави најмалку 49 проценти градежни материјали од Македонија. Изведувачот и подизведувачот во тек на изградбата се обврзани да ангажираат за работа минимум 51 процент македонски државјани.

Со изградбата на двете нови автопатски делници се очекува интензивирање на економскиот развој во сите региони од државата, развој на туризмот и намалување на времето за патување и зголемување на безбедноста во сообраќајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...