Почнува изградбата на автопатот Кичево – Охрид

Кај кичевското село Извор денеска и официјално ќе почнат активностите за изградба на автопатот Кичево – Охрид. Проектот вреден 274 милиони евра, треба да биде заокружен за 45 месеци.

Автопатот ќе биде со должина од 57 километри и ширина 25,2 метра, во две насоки со три ленти. Предвидена е изградба на тунел долг два километра, седум поголеми и 14 помали мостови, четири вијадукти, како и останата пропратна инфраструктура.

Проектот и е доверен на компанијата „Сајнохидро корпорејшн лимитед“ од Кина. Градежните работи ќе почнат истовремено на три локации за да завршат за три години. Во активностите ќе бидат вклучени и повеќе градежни и други компании од земјава. Согласно договорот, 51 процент од луѓето што ќе работат ќе бидат од Македонија, од општините кои гравитираат околу автопатот.

На денешното поставување на камен-темелникот ќе присуствува и премиерот Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...