Стечајци од Куманово добија решенија за паричен надоместок

Куманово, 11 април 2014 (МИА) - Ружица Јакимовска 57 годишна од Куманово, поранешна вработена од кумановскиот Тутунски Комбинат, денеска го зеде решението согласно Законот за стечајци, со кое ќе користи паричен надоместок до пензионирањето или до следното вработување.

- Благодарна сум на луѓето што го донесоа овој закон, што го изгласаа за да имаме одредени средства, после години без плата и без работа. Од 2006-та година немам никакви примања, изјави Јакимовска.

Нејзините поранешни колеги велат дека после толку години ќе користат паричен надоместок со кои ќе се покријат егзистенцијалните потреби.

Шеесет годишниот Часлав Јовановиќ од Куманово вели дека има близу 30 години работен стаж и овие средства ќе ги користи до пензионирањето.

Овие кумановци влегуваат во групата на 70-та лица на кои денеска надлежните од Центарот за вработување Куманово им врачија решенија согласно Законот за материјално обезбедување на невработените по основ на стечај,ликвидација и технолошки вишок.

- Оваа е првата група на која и се врачени решенија. Овие лица ќе користат паричен надоместок во висина од 7.100 денари. Во тек е обработка и на податоци за друга група стечајци кои ќе бидат опфатени со овој Закон, истакна директорот на Центарот за вработување, Милорад Тренчевски.

Најголем дел од лицата кои беа опфатени со овој Закон од Куманово се од Тутунски комбинат, Водостопанство во стечај, Наплатен центар на МРТВ, АД Светлина Елем Скопје, Македонски Железници и Рудници Злетово.

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, од ИЕ2, Зоран Ѓорѓиевски, при работната посета на кумановскиот Центар за вработување рече дека ќе разговараат со оние лица чиј што статус се уште не е разгледан за, како што нагласи, да увидат дали постојат одредени проблеми кои би требало да се дадат на понатамошно разгледување и решавање.

Со овој Закон опфатени се лица со над 25 години работен стаж кои работеле во претпријатија со доминантна државна сопственост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...