„Тиквеш“ целосно им го исплати грозјето на лозарите

Скопје, 16 април 2014 (МИА) – Пред истекот на законскиот рок, винарската визба „Тиквеш“, ја заврши исплатата на целокупното откупено грозје од последната берба. За преземените 25 милиони килограми грозје од бербата во 2013-та година на лозарите им се исплатени 360 милиони денари. 

Винарската визба „Тиквеш“, водејќи се од својата политика за стимулирање на квалитетот, и оваа година исплати дополнителни бонуси за откупеното грозје со екстра врвен квалитет во вредност од 27 милиони денари.  

- Бидејќи грозјето е есенцијалната состојка на врвното вино што го произведуваме, ние во „Тиквеш“ со огромно внимание и почит се однесуваме кон него и кон лозарите, со кои градиме долгорочни односи на партнерска основа. Таквата наша определба значи дека внимаваме на сите аспекти во нашиот однос кон нив, вклучувајќи ја навремената исплата на откупеното грозје која се одвива во рамки на склучените договори и законски рокови, како и дополнителните бонуси за грозјето со екстра квалитет во форма на премија која годинава достигна и до 40% од основната цена, изјави Игор Илиевски, генерален директор на „Тиквеш“. 

Големото откупено количество, високата просечна цена од 14,4 денари за килограм грозје, дополнителниот бонус што единствено „Тиквеш“ го плаќа како награда за највисок квалитет, како и редовната исплата на откупеното грозје, како што се наведува во соопштението од винарската визба, се одличен показател за определбата на „Тиквеш“ да гради долгорочен партнерски однос со лозарите кој овозможува одржливо снабдување со висококвалитетно грозје неопходно за производство на врвни македонски вина. 

Добрата соработка со лозарите во насока на унапредување и одржување на високиот квалитет и заштитата на лозовите насади, е долгорочна цел на ВВ „Тиквеш“ која со несмален интензитет ќе продолжи и во иднина, се вели во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...