Deutsche Welle

Јужен поток: Србија игра „и ваму и таму“?

По прекинот на работите околу Јужен поток од страна на Бугарија и Србија го одлага почетокот на изградбата на гасоводот. Сепак, формална одлука за такво нешто - нема.

„Бугарија е јазол, па додека не се завршат разговорите на Бугарија со Брисел и на ЕУ со Русија, стоиме и ние. Или додека Русија не ја промени рутата. Но резултатот и од едното и од другото сценарио секако значи одлагање на работите во нашата земја“, изјави потпретседателката на српската влада Зорана Михајловиќ за денешен „Блиц“.

Српскиот министер за рударство и енергетика Александар Антиќ за истиот весник оцени дека Јужен тек е важен за Србија и како развоен и како енергетски проект, но „јасно е дека Србија е само една од државите низ кои треба да мине гасоводот“. Антиќ не може да каже дали ќе биде донесена и формална одлука за прекинување на работите на Јужен поток во Србија, наведувајќи дека ќе се продолжи со следење на ситуацијата.

Српскиот премиер Александар Вучиќ, пак, затоа денеска уверува дека околу проектот Јужен поток се‘ тече по план и дека одлука за одлагање на работите не е донесена: „Таква одлука треба да донесе Владата на Србија, која не заседавала. Што се однесува до нас, нам се‘ ни тече како што беше планирано околу проектот“, рече Вучиќ, нагласувајќи дека би сакал да има поголемо трпение за донесување такви сериозни одлуки како што е онаа за Јужен поток.

Бугарија не крева сосема раце

Бугарија во меѓувреме става до знаење дека се држи и натаму до Јужен поток, но сака да продолжи со проектот само со согласност на Европската комисија. Бугарскиот министер за енергија Драгомир Стојнев денеска (9.06) изјави дека неговата земја нема кренато раце од плановите за гасоводот. „Ако ситуацијата ја посматраме стратешки и трезвено, тогаш проектот не може да се стави на почетна точка и тој е важен и за Европа и за Бугарија.“

Вчера бугарскиот премиер Пламен Орешарски, по средба со американски конгресмени во Софија, изјави: „Дадов наредба да запрат сите работи. За натамошните чекори ќе донесеме одлука по консултациите со Брисел.“

Европската комисија бара прво да се испита дали изградбата на гасоводот, кој е исклучително важен за Бугарија, е во согласност со европското право. Според правилата на ЕУ, не е дозволено испорачувач на земен гас истовремено да ја има и контролата врз гасоводот.

Русија реагира воздржано

Русија по најавите за суспензија на работите околу гасоводот реагира воздржано. „Прво мора да видиме за што се работи, рано е за оценка“, рече портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Портпаролката на Европската комисија, Сабине Бергер, го поздрави запирањето на работите од страна на Бугарија и рече дека е тоа важен чекор, откако ЕК минатата недела ги изрази своите забелешки. Таа не сакаше да ги коментира изјавите на бугарскиот министер за енергија околу тоа дека Бугарија се нема сосема откажано од гасоводот. Шефовите на држави или влади на ЕУ со оваа тема треба да се занимаваат на својот самит на крајот на јуни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...