Владата започнува со изградба на придружни објекти по автопатите

Скопје, 17 јули 2014 (МИА) – Владата започнува со реализација на проектот за изградба на 30 придружни објекти по автопатите, магистралните и регионалните патишта низ државата.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција информира дека во првата фаза веќе се утврдени девет локации за изградба на бензински пумпи, мотели и други придружни комерцијални објекти по трите автопатишта кои се градат во државата. Од нив, две се локации по автопатот од Кичево до Охрид во близина на селата Мислешево и Смилево, три се локации на потегот Демир Капија – Смоквица во близина на месноста Миравци и Милетково и четири локации по трасата на новиот автопат Скопје – Штип во близина на Свети Николе, Пеширово и Сопот.

- За овие девет локации, Министерството за транспорт и врски и останатите надлежни институции веќе ги отпочнаа процедурите кои водат кон изработка на урбанистичко-планската документација, истакна Ѓорѓиев, додавајќи дека се очекува процедурите да бидат готови до крајот на годинава или почетокот на идната.

Деветте локации ќе бидат понудени на продажба преку јавна електронска аукција.

- Со воспоставувањето на вакви содржини се постигнуваат повеќе цели како што се подигнување на квалитетот на транспортот и сообраќајот и отворањето на нови можности за бизнис-заедницата и инвестиции кои ќе придонесат за локален и економски развој, нагласи Ѓорѓиев.

Во следниот период се очекува да бидат утврдени дополнителни локации за изграба на вакви објекти на автопатиштата и на магистралните и регионалните патишта во државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...