Над 90 геодети ќе продолжат со работа со старите лиценци

Скопје, 22 јули 2014 (МИА) - Геодетите кои се стекнале со лиценци меѓу 2005 и 2008 година, а имаат работно искуство над десет години нема да мораат да ги обновуваат лиценците за работа во периодот 2015-2018 година ниту пак да го дозаокружат своето образование. Тие до пензионирање ќе можат да работат со веќе добиените лиценци.

Ова го предвидува амандманот на измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности, поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, што денеска беше прифатен на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во членот 65 од измените и дополнувањата, кој предвидува геодетите да ги продолжат лиценците во периодот од 2015 до 2018 година, се додава став 3 со кој практично се предвидува изземање на 91 геодет од над 200 во државата.

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ објасни дека со нивниот амандман овие лица повторно ќе имаат право да работат до нивното пензионирање иако немаат високо образование.

Претходно Роза Топузовска Каревска од ЛДП побара членот 65 да се избрише, но потоа го повлече амандманот и го поддржа решението предложено од нејзините колеги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...