Виетнам од извоз на текстил ќе оствари 20 милијарди долари

Ханој, 22 јули 2014 (МИА) – Виетнамското Биро за статистика соопшти дека текстилната индустрија на оваа држава во првата половина на оваа година има остварено извоз во вредност од 9,4 милијарди долари. Во споредба со истиот период лани, извозот е зголемен за околу 20 отсто, а до крајот на 2014 вкупниот виетнамски извоз на текстилни производи ќе биде над 20 милијарди долари.

Најголем извоз Виетнам има остварено на пазарот на САД и во државите од Европската Унија. На американскиот пазар во првите шест месеци виетнамските текстилни фабрики продале производи вредни 4,7, а во државите на ЕУ за 2,5 милијарди долари.

Според вредноста на извозот Виетнам сега е на петтото место меѓу 153 држави што извезуваат текстил. Со учество од 15 отсто во вкуната вредност на виетнамскиот извоз сега текстилната индустрија го презеде доскорешниот примат на индустријата за производство на телефони и опрема.

Сепак, иако финансиските резултати се спектакуларни, Виетнамците не се презадоволни од состојбите во текстилната индустрија. Овој сектор се уште е премногу зависен од увоз на репроматеријали, а текстилните работници во Виетнам, иако работат во постројки на најпознатите светски брендови, се меѓу најмалку платените работници и во државата и во поширокиот регион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...