Во Крива Паланка работилница од проектот за енергетска ефикасност

Крива Паланка, 22 јули 2014 (МИА) – Како дел од проектот „Јавните институции - енергетски ефикасни“ во Крива Паланка денеска се одржа работилницата „Потребите од енергетска ефикасност на јавните институции“.

Ова е трета работилница од проектот и втора на тема енергетска ефикасност, со акцент на исполнување на стандардите за енергетска ефикаснсот при изработка на техничка и проектна документација.

- Особено внимание треба да се обрне на заштита на зградите од атмосферски влијанија и на изработка на добри термоизолациски фасади и покровна конструкција. Доколку подрачјето  е подложно на подолги периоди со врнежи, за продлжување на векот на траење на објектите потребно е канализирање на атмосферската вода во соодветни пропусти со што таа нема да влијае на стабилноста на постојниот објект, рече Красимира Александрова од Центарот за јавна поддршка од Дупница, Република Бугарија.

Александрова истакна дека според досегашнто искуство со проекти од оваа област, исклучително важно е и одржувањето на пропишаната влажност на воздухот во внатрешноста на зградите.

- Во двете општини, Дупница и Крива Паланка ќе бидат изработени проекти за заштеда на енергијата и користење алтернативни извори енергија на 16 објекти. Сите се јавни институции во кои работат голем број луѓе и престојуваат ученици, за што е многу важно да се запази пропишаниот процент на влажност на воздухот, потенцираше Александрова.

Проектот „Јавните институции - енергетски ефикасни“ се спроведува во рамки на ИПА програмата на Европската унија за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Носител на проектот е основното општинско училиште „Илинден“ од  Крива Паланка, а партнер е здружението „Центар за јавна поддршка“ од Дупница, Република Бугарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...