Градот во Преспа оштети околу 3 илјади хектари овошни насади

Преспа, 23 јули 2014 (МИА) -  Јаболковите насади во Преспанско претрпеа големи штети од градот, кој вчера во 15 часот го зафати овој регион. Градот со големина на орев и јајце, нанесе штети на околу 3.000 хектари овошни насади, при што го оштети родот од 30 до 100 отсто.
 
Најголеми штети се предизвикани во атарите на селата од Перово до Крушје. Покрај родот оштетени се и самите дрвца кои во наредниот период нема да даваат род.
 
- Ова невреме уште еднаш го отвори прашањето за осигурување на насадите и користење на поволностите што ги дава Владата, како субвенционирање на 60 отсто од вкупната сума, истакна заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, кој ги посети погодените реони.
 
Тој информира дека Владата ќе ги разгледа можностите за да им се помогне на оштетените и додаде оти ќе се формираат и комисии за проценка на штетите.
 
Невремето предизвика поплави по улиците, а оштети и автомобили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...