Една третина од Грците на прагот на сиромаштијата

Атина, 24 јули 2014 (МИА) - Грција е на четврто место меѓу 28-те членки на ЕУ, со највисок процент на своите граѓани кои се наоѓаат на прагот на сиромаштијата, пишува грчкиот печат, повикувајќи се на статистичкиот институт во земјата ЕЛСТАТ.

Податоците покажуваат дека 34,6 отсто од Грците или 3,79 милиони лица минатата година живееле на прагот на сиромаштијата.

Весникот „Етнос“ наведува дека полоши од Грција се Бугарија (49,3 отсто), Романија (41,7 отсто) и Летонија (36,2 отсто).

Показателот за прагот на сиромаштијата во Грција постојано се зголемувал од 2010 година, откако земјата навлегува во режим на кредити и ја добива првата надворешна финансиска инјекција за излез од кризата.

Според ЕЛСТАТ другите земји од ЕУ, кои биле принудени да земаат кредити и биле на прагот на сиромаштијата се Ирска, Шпанија, Кипар и Португалија.

Петте држави со најнизок процент на сиромаштија во ЕУ се Холандија, Чешка, Шведска, Финска и Луксембург.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...