Ј. Кореја со 40 милијарди долари ги стимулира малите и средни претпријатија

Сеул, 24 јули 2014 (МИА) - Владата на Јужна Кореја ќе го стимулира развојот на мали и средни претпријатија со 40 милијарди долари.

Овие средства ќе бидат инвестирани во претстојните три месеци, а со нив ќе се стимулираат поголема вработеност и раздвижувањето на локалниот пазар на недвижности.

Ова е втора ваква интервенција на Владата во Сеул годинава и е резултат на релативниот пад на БДП-то на Јужна Кореја, кој и натаму по вредноста го зазема четвртото место во Азија. На почетокот на годинава, со иста цел, Владата потроши 15 милијарди долари.

Економските експерти во Сеул сметаат дека растот на јужнокорејската економија, заснована воглавно на извоз, не е според очекувањата најмногу поради тоа што во државите каде што извезува се уште има последици од глобалната економска криза.

Има и мислења дека на бавниот раст на економијата значајно влијаела и несреќата на фериботот од пред сто дена. Оваа катастрофа сериозно го разнишала секојдневието на Јужна Кореја, а влијаела и на продуктивноста во економијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...