Општина Струга ќе прави регистар за евиденција на туристите

Струга, 29 јули 2014 (МИА) – Општина Струга планира да направи регистар за евиденција на туристите, информира градоначалникот Зијадин Села.

Општината, нагласи Села, ќе ги стандардизира и регистрира сите што даваат услуги за спиење.

Тој побара од стружани, покрај во полиција, да ги пријавуваат туристите и кај општинските служби и за нив да плаќаат туристичка такса. Онаму каде што има сознанија за непријавени гости, инспекторите ќе прават контроли.

- Апелирам граѓаните да ја плаќаат туристичката такса, бидејќи тоа е за нивно добро. Од тие такси пред се ќе правиме подобар и поразвиен туризам, нагласи Села.

Како атракција за туристите, струшкиот градоначалник планира воспоставување речна туристичка линија од Струга до Глобочица.

За поголем број туристи во градот, според Села, ќе придонесе и отворањето на хотел „Изгрев“.

- Со „Изгрев“ ќе го имаме првиот хотел со 5 ѕвезди на Охридското крајбрежје и мислам дека тоа ќе  придонесе за привлекување повеќе туристи, изјави Села.

Градоначалникот на Струга смета дека туризам без култура не може да има и затоа општината планира реализација на повеќе културни манифестации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...