Индиски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Стар Дојран

Дојран, 30 јули 2014 (МИА) - Индиски бизнисмени се заинтересирани за инвестирање во туристичко развојната зона во Стар Дојран, откако го посетија малото туристичко место како потенцијална локација за изградба на хотели.

Од општината велат дека сега се чекаат студиите и анализите од инвеститорите чие што евентуално вложување во Дојран значително ќе ја збогати туристичката понуда и ќе овозможи поголем опфат на гости.

- Погледнавме заедно неколку локации. Гостите се заинтересирани за туристичко развојната зона и голф теренот што го имаме како предлог локација. Тие за скоро време ќе изготват студија која ќе покаже дали ќе инвестираат во Дојран, рече градоначалникот Борче Стамов.

Стамов потенцира дека општината е во контакт и со домашни инвеститори кои сакаат својот капитал да го вложат во хотели и други капацитети во туристичката зона и оти на есен ќе има конкретни проекти и почеток на градежни активности.

Хотелите во Дојран веќе се полни претежно со странски гости поради што туристичките работници посочуваат дека потребни се нови сместувачки капацитети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...