Аргентина се соочува со присилна наплата на долговите

Њујорк, 30 јули 2014 (МИА) - Аргентина ќе се соочи со трета по ред присилна наплата на нејзните долгови, доколку денеска до полноќ по американско време, Владата во Буенос Аирес не постигне договор со хеџ фондовите кои ги поседуваат аргентинскте државни обврзници.

Еден американски суд пресуди дека Аргентина до среда на полноќ ќе мора да плати 1,3 милијарди долари за обврзниците што ги поседуваат хеџ фондовите, што во најголем број се американски.

Правни застапници на овие фондови и аргентинската Влада преговараат во Њујорк околу постигнувањето на некаков договор, со што би се одбегнала присилната наплата, но по вчерашните разговори и двете страни потврдија дека нема никаков напрдок.

Преговорите треба да продолжат и денес и се очекува во нив да се вклучи и аргентинскиот министер за економија Аксел Кичилоф, но финансиски експерти во Њујорк не веруваат во постигнувањето на договор до крајниот рок што го определи судот.

Буенос Аирес го осуди решението на судот, а посебно го критикуваше однесувањето на инвеститорите кои ги поседуваат обврзниците.

Аргентинскиот претседател Кристина Кирхнер ги нарече овие фондови „мршојадци“ и ги обвини инвеститорите дека ја користат ситуацијата со аргентинските долгови за да направт профит.

Американските хеџ фондови ги имаат откупено аргентинските долгови за „мали пари“ во време кога Аргентина се соочуваше со тешка економска и финансиака криза. За нив никогаш не е направен договор за реструктуирање.

Проблемот за оваа јужноамериканска држава уште повеќе се усложнува со тоа што и други инвеститори кои поседуваат обврзници од аргентинскиот долг, кои се околу 70 отсто, најавуваат дека ќе побараат веднаш да им бидат исплатени парите.

Тоа ќе предизвика Аргентина да не може да ги плаќа своите долгови и да ги сервисира сите други плаќања, што може да заврши со банкрот на земјата. Ова не е првпат Аргентина да се најде во ваква ситуација со своите долгови и со редовната презадолженост.

Последен пат, присилна наплата беше правена во 2001 година, кога поради празнењето на банките пропаднаа штедните влогови на многу Аргентинци.

Буенос Аирес стравува дека тоа ќе се случи и сега, третпат во последните дваесетиа години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...