Струга доби контејнери за органски отпад

Струга, 31 јули 2014 (МИА) – Општина Струга доби контејнери за селектирање органски отпад во рамки на проектот за намалување на органскиот отпад „Safewaste Cyckle“. 

Во контејнерите, како што информира денеска Роланд Амзаи од секторот за комуникации во општина Струга, предвидено е да се собира органскиот отпад од зелениот пазар, парковите и од домаќинствата, како и остатоци од зеленчук, овошје, гранки, трева, пилевина и лисја.

- Пристигнаа 20 контејнери со зафатнина од 1,1 метри кубни и 10 контејнери со зафатнина од пет метри кубни. Собраниот отпад ќе се третира во единицата за компостирање, која ќе работи во рамките на Јавното претпријатие „Комунално“. Наредната недела треба да пристигне и соодветна механизација и опрема за производство на компост, изјави Амзаи.

Целта на проектот, според него, е преку селектирање и рециклирање на органскиот отпад да се намали количината на отпад во градската депонија.

- Произведениот компост ќе се користи во градската цвеќара, како и за подобрување на цветните и парковските површини во Струга, појасни Амзаи.

Проектот „Safewaste Cyckle“ за намалување на органскиот отпад се реализира во рамките на прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција, финансиран од ИПА програмата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...