Аргентина не е во состојба на банкрот

затоа што ги исполнува обврските кон кредиторите

Буенос Аирес, 1 август 2014 (МИА) - Аргентина не е во состојба на банкрот затоа што ги исполнува своите обврски кон кредиторите, изјави вчера министерот за економија на оваа јужноамериканска држава, Аксел Кисилоф, цитиран од ИТАР-ТАСС.

На прес-конференција во Буенос Аирес министерот одлуката на њујоршкиот судија Томас Гриеса ја оцени како „судски факт без преседан во историјата". Судијата ја задолжи Аргентина на шпекулативни инвестициски фондови да им исплати 1,33 милијарда долари, на штета на останатите 93 проценти од кредиторите кои ги прифатија условите за преструктурирање на државните обврски.

Министерот потсети дека на 26 јуни Владата на Аргентина веќе плати 1,2 милијарда долари, од кои 539.000 на сметката на „Банк оф Њујорк Мелон“ (Bank of New York Mellon).

Овие средства беа наменети за имателите на обврзници, кои се согласија со предлогот од Буенос Аирес за преструктурирање на долгот.

Њујоршкиот судија Томас Гриеса, меѓутоа, го запре ова плаќање, посочувајќи дека Аргентина прво треба да се раздолжи со кредиторите, кои судски го добиле побарувањето, а на кои земјата е задолжена да им плати 1,33 милијарда долари и како краен рок им го определи 30 јули.

Третата по големина јужноамериканска економија, меѓутоа, не успеа да постигне спогодба со кредиторите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...