Светска банка со поддршка на Македонија од 36,4 милиони евра

Скопје, 8 август 2014 (МИА) - Македонија денеска на сметката на Буџетот доби 36.4 милиони евра од Заемот за развојни политики за конкурентност финансиран од Светска банка, соопшти Министерството за финансии.

- Република Македонија ги доби овие средства за успешно спроведување на реформите и развојните политики на Владата за подобрување на деловната клима и конкурентноста. Позначајни реформи поддржани со овој заем се: развојот на производство со висока додадена вредност преку привлекување инвестиции, олеснување на преструктуирањето на земјоделскиот сектор, подобрувањето на ефикасноста на трговската размена со странство, поголема флексибилност на пазарот на труд и развој на вештини и иновации, се наведува во соопштението.

Овој заем е продолжение на Првиот програмски заем за развојни политики за конкурентност во износ од 38.7 милиони евра од 2013 година. Како што стои во соопштението, доделувањето и на втор заем е потврда за довербата на Светска банка во квалитетот на економските политики во Република Македонија.

Одржувањето на макроекономската стабилност и континуираното спроведување на реформски мерки од страна на Владата насочени кон зголемување на инвестициите, вработеноста и конкурентноста на македонската економија, додаваат, во континуитет се позитивно оценети од Светска банка што резултира со нивна финансиска поддршка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...