„Волво“ повторно со добивка и нови вработувања

Гетеборг, 20 август 2014 (МИА) - Шведската фабрика за патнички автомобили „Волво Персонвагнар“ денеска соопшти остварена добивка од 535 милиони круни (околу 58 милиони евра) во првиот квартал во 2014 година, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Во истиот период лани „Волво“ имаше загуби во висина од 778 милиони круни.

Најновиот извештај презентиран денеска покажува дека продажбата на „Волво ПВ“ пораснала за 8 милијарди круни и во првата половина од годинава изнесувала вкупно 65 милијарди круни, или нешто повеќе од 7 милијарди евра.

Позитивниот резултат најмногу се должи на добриот пласман на пазарите во Шведска, Западна Европа и Кина.

Пресвртот од минус во плус, како значаен чекор кон стабилизирање на дејноста, добива во значење и со најавите на генералниот директор на концерното „Волво“, Хокан Самуелсон, кој денеска соопшти дека до крајот на годинава најверојатно ќе бидат можни нови 500 вработувања во фабриката за патнички автомобили во Гетеборг. „Волво“ монентно минува низ фаза на нови вложувања и истражувачки проекти, при што, меѓу другото, новиот модел „ ХС90“ ќе биде претставен идната недела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...