На аеродромите зголемен бројот на патници за над 17 проценти

Скопје, 20 август 2014 (МИА) - Бројот на патници на двата аеродрома во државата во периодот од јануари до јули е зголемен за 17,2 проценти во споредба со истиот период 2013 година.

Во овој период преку аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезле вкупно 704.563 патници за разлика од 601.345 патници во 2013 година што е зголемување од  17,2 проценти.

Најголем пораст од 39,6 проценти, како што денеска информира Министерството за транспорт и врски, е забележан во април кога на двата аеродрома се евидентирани 107.037 патници во однос на истиот месец 2013 година кога биле превезени 76.653 патници.

На скопскиот аеродром превезени се 668.870 патници, односно има зголемување од 19,9 проценти во однос на истиот период во 2013 година кога се превезени 557.836 патници.

Во првата половина од годинава на двата аеродрома извршени се 7.794 летови, што е зголемување за 9,3 проценти во споредба со истиот период во 2013 година кога имало 7.128 летови.

Во однос на превезено карго (стока и пошта) од двата аеродрома превезени се 1846.43 тони, односно има зголемување од 19,8 осто во споредба со истиот период 2013 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...