Ќе се укинувa роамингот во регионот

Скопје, 21 август 2014 (МИА) - Да се укинат роаминг цените меѓу балканските држави, договараат регулаторите од Македонија, Турција, Бугарија, Србија и Албанија. Иницијативата поднесена пред речиси два месеца, се очекува да биде преточена во одлука и да стапи во сила од 1 јануари 2015 година. Во неа се вклучени и БиХ и Косово.

Како што изјави денеска директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски пред состанокот со своите колеги од регионот, законска можност за реализирање на иницијативата постои, само треба да се најдат соодветните правни решенија.

- Додека чекаме пред Европската комисија за прилагодување на нашите роаминг цени кон европските кои се четири до пет пати повисоки, ние, балканските регулатори, решивме да се договориме, билатерално и мултилатерално, роамингот за нашите корисници да се укине. Tака ќе им овозможиме, патувајќи низ Балканот, максимално да ги користат мобилните телефони, истакна Орданоски.

Иницијативата ќе се спроведе со потпишување меѓудржавни договори кои ќе мора да бидат верифицирани и во парламентите на земјите. - Постапката во секоја од нив е веќе почната, со иницијативата се запознаени највисоките институции и премиерите. Се очекува епилогот од денешниот состанок, да видиме како тоа правно ќе го изведеме. Верувам дека најдоцна до Нова Година може да се усвои и од 1 јануари 2015-та да нема роаминг, додаде директорот.

Укинувањето на роамингот ќе се однесува на сите услуги на мобилните оператори, зборување, смс, интернет,... Ваквиот тренд во ЕУ е веќе пракса.

- Македонија уште во 2012 година побара да се вклучи во европскиот процес каде 28 држави немаат роаминг, но тоа оди многу споро иако сме ние прилично агресивни. Се уште нема епилог, а ги исполнивме сите барања. Затоа ние, девет држави од регионот, ќе го направиме тоа најпрво на регионално ниво, па кога Европа ќе биде подготвена да не прифати, ќе влеземе и таму, посочи Орданоски.

Според него, операторите негодуваат, но на АЕК и се најбитни корисниците, во земјава вкупно 2,1 милион.

На денешниот состанок ќе биде поздравено и пристапувањето на Албанија во Групата на независни регулатори како земја член и во Телото на европски регулатори за електронски комуникации како земја набљудувач.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...