Гласајте за нова плажа на Охридското Eзеро

Скопје, 21 август 2014 (МИА) - Граѓаните ќе избираат најдобро архитектонско решение за уредување на 500 метри плажа која се наоѓа на Охридското Езеро во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.

За таа цел, Министерството за транспорт и врски на својата интернет страница www.mtc.gov.mk креира јавна анкета на која граѓаните ќе можат да учествуваат во изборот на најдоброто идејно решение.

Станува збор за пет идејни решенија, а предвидено е плажата да се изгради согласно највисоките туристички стандарди и притоа да не се наруши еко-интегритетот на околината.

- Планирана е песочна површина која би се изнивелирала и попесочила со соодветен автохтон песок, да се почитува постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, хортикултурно и партерно да се уреди со поставување на клупи, фонтани за питка вода, детски игралишта, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали. Изградба на сервисен пункт кој ќе се состои од шанк со кабина за музика со спецификација на опрема, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви (согласно правилникот за минимално-техничките услови за вршење угостителска дејност), соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити, велат од ресорното Министерство.

Ќе има и простор за чадори за сонце и лежалки, а просторот за капење во Езерото ќе биде обележан заради заштита на капачите од пловни објекти. Предвидено ќе биде и место за службата за спасување.

По изборот на идејните решенија, ќе се пристапи кон изработка на основните проекти по што ќе се спроведе постапката за уредување.

По завршување на електронската анкета, Министерството за транспорт и врски ќе донесе Решение за доделување на награда и откуп на доставените идејни решенија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...